Како милениците помагаат во борбата против стресот?

од Vladimir Zorba

Ако сте напнати и често под стрес, набавете си домашно милениче. Ова е советот на германските психолози од Универзитетот во Росток, кои тврдат дека само пет минути галење на животното се доволни за да почувствувате промена во нивото на задоволство.

– Сопствениците на домашни миленици кои имаат блиска емотивна врска со своето животно со негова помош лесно можат да се смират доколку се напнати и нервозни – изјави д-р Андреа Биц, шеф на истражувачкиот тим кој ги следела емоционалните промени во интеракциите меѓу луѓето и животните.

Колку е човекот поблиску до животното, толку е поголем ефектот од гушкањето, без разлика дали се работи за куче, мачка или зајак. А ефектот е взаемен бидејќи и животните го чувствуваат лачењето на хормонот окситоцин кој ја враќа насмевката на лицето.

Дури и оние кои немаат миленичиња можат да се опуштат играјќи си со туѓо животно, но како што вели Биц, условот е тој што личноста која бара смиреност навистина да сака животни.

Слични содржини