Како најлесно да прочитате личност родена во знакот Девица?

од Elena Daskalova

Девицата важи за главен „сметководител“ и критичар меѓу останатите хороскопски знаци. Затоа, не е ни чудо што овие лица се интелигентни, способни и прилагодливи.

Но, на сметка на тоа им недостига интуиција, инстинкт, имагинација и самодоверба. Тие имаат одлична меморија, а она што го паметат, знаат и како да го искористат во пракса. Поради својата прецизност, тие одлично се снаоѓаат во повеќе професии и занаети, а колку се попосветени на работата, толку повеќе се дистанцираат од луѓето.

Ценат точност и одговорност, а не сакаат претерување, снобизам и луѓе кои сакаат да со лесно да си поминат на стара слава. Но, во исто време потребно е да имаат личност на која ѝ веруваат, а која постојано ги поттикнува и охрабрува, бидејќи се доста несигурни. Не сакаат да ризикуваат, особено кога се парите во прашање.

Добро функционираат додека нештата се одвиваат според планот кој си го зацртале. Често оддаваат впечаток на ладни и незаинтересирани, но всушност, во себе имаат ерупција на чувства. Кон пријателите ретко се отворени и иако реално би направиле сè за нив, не знаат тоа да го покажат. Поради тоа се случува да изгубат пријател, а познаникот да го чуваат блиску до себе.

Слични содржини