Како најлесно да прочитате личност родена во знакот Овен?

од Elena Daskalova

Овните се провокативни, гласни, енергични, не се плашат од ништо, па дури ниту од тоа да бидат забележани каде и да се појават.

Се движат карактеристично, гестикулираат, а сето тоа јасно ја оддава нивната непостојаност, дека не им е удобно постојано да се иан исто место и дека сакаат што побрзо да „истрчаат“ до зацртаната цел.

Се чувствуваат повикани да имаат мислење на секоја тема, дека треба да реагираат на сè што се случува околу нив и да даваат совети дури и кога никој не го очекува тоа од нив, а реакциите им се навистина бурни. Често се вели дека Овните одат од една во друга крајност и навистина им е тешко да ја избалансираат таканаречената „златна средина“. Не се задоволуваат со „ронки“, или даваат сè или не даваат ништо.

Важат за тешки и тврдоглави личности кои секако си тераат по свое. Нивните реченици секогаш започнуваат со „јас“, сакаат да бидат гласни и надмени, а генерално, не се најидеалниот соработник кој можете да го имате. Го цени мислењето на пријателите, но не му е нешто особено релевантно.

Некогаш неговата природна дрскост може да претера со искреноста и да навреди, но тоа лесно му се простува, бидејќи умее да ја докаже својата приврзаност на друг начин. Не се извинува, но секогаш успева да се искупи.

Слични содржини