„Како некој да се шегува“: Австралија ја призна руската вакцина откако ги одби сите тенисери вакцинирани со Спутник V

од Nikola Popovski

На денот кога започна Австралија Опен, австралиската влада објави дека ја признала вакцината против коронавирус Спутник V, на што иронично реагираше руската тенисерка Наталија Вихљанцева, која мораше да се откаже од својот настап на првиот Грен слем турнир бидејќи претходно не била верификувана и призната руската вакцина во таа земја.

Веста за одлуката на Владата на Австралија ја соопшти Кирил Димитријев, извршен директор на Рускиот фонд за директни инвестиции.

„Австралија им се придружи на стотиците земји кои прифаќаат патници кои се вакцинирани со Спутник V, една од најбезбедните и најефикасните вакцини против коронавирусот, вклучително и сојот омикрон“, рече Димитријев.

По тој повод Вихљанцева најавила дека мора да се откаже од настапот на Австралија опен бидејќи тогаш не била признаена руската вакцина.

„Имам одлична вест за вас! Како што можеби веќе знаете, Спутник V е прифатенa од австралиските власти. Подобро некогаш отколку никогаш“, навела Вихљанцева.

На тоа реагирал и украинскиот тенисер Илја Марченко.

„Изгледа некој се шегува со тебе“, рече Марченко.

Коментирал имала и новинарот Сем Стрит.

„Австралија ја прифати вакцината Спутник V само еден ден по почетокот на Австралија опен. На сите тенисери кои ја примиле вакцината претходно им беше забранет настап“, објави Стрит.

Фото: Sputnik / Илья Наймушин

Слични содржини