Како ништо да не било: Кралицата излезе на официјален настан првпат по „мегзит“ (ФОТО)

од Elena Daskalova

По напуштањето на кралското семејство од страна на Меган и Хари, кралицата извесно време се повлече од официјалните настани, но сега се појави во Кралската воздухопловна база, по повод 68-годишно владеење на британскиот престол.

Ова е всушност нејзино прво појавување и за оваа година, но и по скандалозното повлекување од кралските должности на војводата и војвотката од Сасекс. Кралицата донесе одлука дека парот повеќе нема да биде дел од британската монархија, дека повеќе нема да ја има титулата „кралско височество“ и дека ќе биде финансиски независен.

Во оваа воена воздухопловна база служеле како пилоти и принцот Чарлс и принцот Вилијам, додека принцот Хари и леташе во текот на неговата десетгодишна воена кариера во Кралската воздухопловна база, која ја заврши во 2013 година.

Слични содржини