Како одмораат Лукашенко и Путин после напорните преговори? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко, по преговорите во Сочи, заминаа на скијање во Краснаја Полјана.

Лукашенко дошол во Русија пред неколку дена на разговори со рускиот лидер. За време на состанокот во Сочи, Путин го поканил својот колега да оди на скијање- „ за да се одморат по денешниот работен ден“.

Лидерите на Русија и Белорусија на овој начин често пат го поминуваат своето време. Заедно скијаа во 2019 година, кога со нив беше и најмалиот син на претседателот на Белорусија, Николај Лукашенко.

Слични содржини