Како последица на Ковид-19 починаа уште 17 лица, најмладите на 33 и 34-годишна возраст

од Nikola Popovski

Повторно има релативно млади лица кои починаа како компликации по нивното здравје од коронавирусот. Според последните бројки, пријавени се 17 починати лица и тоа: 10 починати лица од Скопје (93г, 82г, 73г, 71г, 62г, 44г, 40г, 36г, 34г и 33г), 2 починати лица од Прилеп (75г и 64г) и по едно починато лице од Куманово (85г), Струмица (74г), Кичево (76г), Кочани (63г) и Демир Хисар (59г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 187.622 бројката на оздравени пациенти е 168.700, на починати е 6.489, а бројот на активни случаи изнесува 12.433.

Слични содржини