Како Путин го „испочитува“ Лукашенко: „Не ви треба преведувач, говорот на телото кажува сè“ (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Јазикот на телото во овој случај зборува многу повеќе од руски, напиша познатиот шведски дипломат Карл Билт на Твитер, коментирајќи ја вчерашната средба на Александар Лукашенко и Владимир Путин.

Претседателите на Русија и Белорусија се состанаа во Сочи, каде што Лукашенко дојде да побара поддршка од Путин заради масовните протести во Минск каде народот бара негова оставка.

На видеото објавено од Билт се гледа како Лукашенко се наведнува „како да моли“ кон Путин додека зборува, додека Путин седи „ладен како шприцер“. Само понекогаш го погледнуваше под око.

Додека Лукашенко разговараше со него, Путин не рече ниту еден збор, а сите што го погледнаа видеото изјавија дека рускиот претседател „му покажал на својот белоруски колега кој е газда“.

Слични содржини