Како Путин победи во нафтената војна: Русија ќе го намали производството на црното злато, но исполнет е важен услов на Москва

од Aleksandar Petrovski

Како дел од договорот постигнат со земјите на ОПЕК, Русија изрази подготвеност да го намали производството на нафта за 14 проценти, или 1,6 милиони барели на ден, изјави денес неименуван официјален претставник на руското Министерство за енергетика, јави ТАС.

„Ја потврдувам нашата подготвеност да го намалиме руското производство на нафта за 1,6 милиони барели на ден“, рече вчера официјален претставник на Кремљ.

Според некои извори, во новиот договор се вклучени САД, Мексико, Норвешка, Канада и други земји, а се предвидува вкупно да се намали глобалното производство за 70 милиони барели на ден.

Денес се очекува да се одржи видео-сесија на земјите од ОПЕК за намалување на светското производство на нафта.

Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека Русија е подготвена да го намали производството на нафта само доколку другите светски производители на нафта, вклучително и САД, се согласат да го сторат истото.

Претходниот договор во рамките на ОПЕК истече на 31 март, но Русија и Саудиска Арабија не постигнаа договор за негово продолжување.

Имено, поради неуспешните преговори за продолжување на претходниот договор, земјите на ОПЕК го зголемија своето производство по инерција, но во моментот на ширење на коронавирусот во светот и падот на побарувачката за нафта на светските пазари, цената на нафтата по барелот се спушти на 22 долари, што е најниско во последните две децении.

Продолжувањето на преговорите беше договорено на крајот на март и беше испратена покана до сите земји што произведуваат црно злато да им се приклучат.

Слични содржини