Како Русите ги мотивираат војниците: Кој прв ќе уништи тенк на НАТО добива 72.000 долари

од Nikola Popovski

Украинските единици воспоставуваат позиции и подготвуваат дополнителни упоришта кај Часово Јар на територијата на Доњецката Народна Република (ДНР), соопштил прорускиот воен функционер Андреј Марочко.

Според него, евидентирано е зајакнување на украинските позиции.

– Украинските вооружени формации ги зајакнуваат старите утврдувања и градат нови, а се работи на создавање огнени упоришта и поставување мински полиња – рекол Марочко.

Прекинувањето на снабдувањето на украинската армија долж патот од Часово Јар до Бахмут е приоритет за руските сили, изјави денеска вршителот на должноста шеф на самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) Денис Пушилин.

– За нас е важно да го пресечеме патот Часов Јар – Бахмут како еден од ретките преостанати патишта за снабдување на непријателската борбена група – изјавил лидерот на ДНР за телевизијата Русија-24.

Поранешниот премиер на Велика Британија изјави дека претседателот на Русија, Владимир Путин, му се заканувал со ракетен напад за време на вонреден телефонски разговор пред рускиот напад на Украина во февруари минатата година.

Џонсон, во документарецот на Би-Би-Си за разговорите на Путин со светските лидери, изјави дека рускиот претседател му рекол дека таков ракетен напад „ќе трае само една минута“.

Руската компанија Форес соопшти дека ќе плати 72.000 долари во готовина на војниците кои први ќе уништат или заробат тенкови од западно производство во Украина, како и 7.200 долари за секој следен потфат откако Кремљ вети дека руските сили ќе ги уништат сите западни тенкови што ќе бидат испратени во Украина, пренесува Ројтерс.

Компанија од Урал, која работи во енергетската индустрија, исто така најави дека ќе плати награда од 215.000 долари за уништените борбени авиони од западно производство, доколку некогаш бидат испорачани во Киев.

САД, Германија и неколку други европски земји се подготвуваат да испратат десетици напредни борбени тенкови во Киев во следните неколку месеци за да помогнат во зајакнувањето на воениот капацитет на Украина, при што портпаролот на Кремљ ја критикуваше одлуката како опасна ескалација и рече дека тенковите „ќе изгорат “ на фронтот.

Вооружените сили на Украина почнаа да го гранатираат Белгородскиот регион во Русија, а некои се повредени во артилерискиот напад, соопшти гувернерот Вичасалв Гладков.

Тој на Телеграм информира дека артилеријата го гранатира селото Безљудовка, градскиот округ Шебекински, кое се наоѓа преку границата северно од украинската област Харков.

Според првите прелиминарни податоци, во артилерискиот напад се повредени две лица.

Слични содржини