Како стапалата да изгледаат помали?

од desk2

Жените коишто носат поголем број на чевли, сакаат нивните стапала да изгледаат помали. Ви откриваме какви грешки правите кога купувате чевли и решенија кои ќе ви помогнат вашите стапала визуелно да изгледаат помали.

Носете потпетици

Доколку имате големо стапало, избегнувајте ги балетанките. Чевлите со рамен ѓон прават ногата да изгледа уште поголема. Затоа, што почесто бирајте потпетици.

Чевли во светла боја

Светлите бои ги издолжуваат нозете, но и стапалата. Исто така важи за пастелните бои и светли металик тонови.

Погрешен крој

Ако отворот кај прстите е тесен и отворен кај малите прсти, тогаш тие изгледаат уште подолги. Избегнувајте тесни чевли.

Помал број

Никој не сака рани на нозете. Не бирајте поголем број доколку купувате сандали со отворени прсти, или пак помал број доколку моделот е на распродажба. Доколку е потребно, издвојте повеќе пари за удобни чевли. Здравјето на вашиот `рбет зависи од нив.

Слични содржини