Како во Кремљ: Погледнете го авионот на Путин вреден 455 милиони евра (ФОТО / ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Долгоочекуваната средба меѓу Владимир Путин и Џо Бајден се одржа вчера во Женева.

Рускиот претседател пристигна во швајцарскиот град со луксузниот авион „Летечки Кремљ“.

Бајден пристигна на самитот со познатиот авион Air Force One, а она што е можеби помалку познато е дека авионот на Путин чини 390 милиони фунти (околу 455 милиони евра) и дека има дури и позлатен тоалет.

Авионот е дизајниран во неокласичен стил. Има сала за состаноци со позлатена маса опкружена со беж кожни фотелји.

Како што е неопходно за авионот што го превезува светскиот лидер, тој има и команден центар што може да се искористи за мобилизирање војници, што може да се искористи за борбена ситуација кога Путин е во воздух, пренесува „Новости“.

Слични содржини