Како зборуваше братот на Мадона кој почина за пејачката: „Се мразевме, таа е кучка“

од Stefanija Kuzmanovska

Веста дека почина братот на Мадона, Ентони Чиконе, пред неколку дена јавно ја сподели неговиот зет, а многумина беа изненадени што славната пејачка е многу дистанцирана од него.

Ентони Чиконе со години живеел како бездомник под мост во Мичиген.

„Дејли мејл“ го интервјуираше Ентони во 2011 година и во тоа интервју тој истакнал дека спиел под мост додека неговата сестра поседува вили ширум светот, вредни милиони фунти. Овие имоти вклучувале шест куќи во Лондон, додека тој го чувал целиот свој имот во пластична кеса.

Огромниот јаз меѓу начинот на живот на сестрата и братот покрена многу прашања.

Во времето кога новинарот на „Дејли Мејл“ разговарал со него, Ентони Чиконе бил бездомник 18 месеци откако ја изгубил работата во винаријата на неговиот татко.

„Да смрзнам до смрт, моето семејство немаше да знае за тоа шест месеци, ниту пак ќе им беше грижа“, рече тој и додаде:

„Моето семејство смета дека рехабилитацијата е како магично стапче за сите болести“, навел тој.

Ентони изјавил дека во 2005 година бил на лекување и дека Мадона платила двомесечен престој во центар за рехабилитација за да го надмине алкохолизмот. Зборувајќи за својата сестра, тој се присети на смртта на неговата мајка во 1963 година. Тој рече дека тој и Мадона биле единствените кои ја виделе својата мајка во отворениот ковчег и дека како деца им било исклучително тешко. Тој додаде за неговата сестра:

„Се мразевме, ривалство брат и сестра, претпоставувам. Беше кучка, исто како што е сега. Таа останува доследна на тоа. Мора да ѝ се даде признание за нејзината доследност“.

Како што рекол, таа за него била „досадна сестра, но таа е Лав (во хороскопот) и секогаш мораше да биде во центарот на вниманието“.

„Се гордеам со сестра ми – но тоа е товар, бидејќи не можам да бидам свој. Луѓето имаат свои идеи и очекувања. Сестра ми е мултимилионер, но го заработи тоа самата, морам да ѝ дадам заслуга за тоа. Но, некој би помислил дека ќе биде малку повеќе поврзана со семејството, а тоа не е така“, рекол Ентони.

На прашањето како би сакал неговата сестра да покаже дека се грижи за него, тој одговорил:

„Само да комуницираме, тоа би било убаво“.

Слични содржини