Како Златан ги полудел Вудворд и Рајола и го „ограби“ Јунајтед?

од Vladimir Zorba

Златан Ибрахимовиќ моментално работи на книгата „Адреналин“ во која споделува „непознати приказни“ од неговата кариера.

Во летото 2016 година, Швеѓанецот беше привлечен во Манчестер Јунајтед од Пари Сен Жермен, но трансферот за малку немаше да се случи.

Во книгата Златан опишува како доцнеле преговорите со клубот. Деновите минувале, а сега веќе 40-годишникот трпеливо чекал да потпише договор во куќата на агентот Мина Рајола во Монако, кој го повикал Златан да биде трпелив.

Но, откако Швеѓанецот немал контакт со Манчестер Јунајтед повеќе од една недела, решил да ги преземе работите во свои раце. Во објава на социјалните мрежи, Златан напиша дека е подготвен за Јунајтед, што не беше точно.

„Одам на Инстаграм и пишувам: „Мојот следен клуб ќе биде Манчестер Јунајтед.“ Бев толку уморен од преговорите што не мислев дека Манчестер е на списокот. Не можете да давате слични изјави ако работите не се јасни. Се случи пекол. Мино сакаше да ме убие“, пишува Златан во книгата.

Ибрахимовиќ изјави дека извршниот директор на Јунајтед, Ед Вудворд, дивеел кога ја видел објавата. Во истиот дух, Швеѓанецот бил принуден да се извини на управата на клубот.

„Само јас сум виновен, Мино Рајола нема никаква врска со тоа. Го изгубив трпението, тоа е се. Ми се чинеше дека стојам во живиот песок и се обидувам да направам нешто за да одам напред, не размислувајќи за последиците. Ако договорот тргне наопаку, токму сега, тогаш нека биде така. Јас сум тој што ја направи грешката. Уште еднаш се извинувам“, пишува Златан и раскажува за одговорот на Вудворд на извинувањето:

„Уништивте промотивен план од 5 милиони фунти“, рече Вудворд. Планирале кампања за изненадување и презентација со специјални ефекти „а ла Холивуд“. А јас уништив се со тоа што напишав на социјалните мрежи“.

Златан Ибрахимовиќ ја опишува својата прва година во Манчестер Јунајтед како „фантастична“. Швеѓанец одигра вкупно 53 натпревари во дресот на Јунајтед и постигна 29 гола и десет асистенции.

Слични содржини