Каква е судбината на ќерката на убиениот Џорџ Флојд: Говорот на нејзината мајка остави многумина во солзи (видео)

од Nikola Popovski

Рокси Вашингтон и покојниот Џорџ, кој загина по бруталното апсење на полицијата, имаат шестгодишна ќерка. Нејзината мајка заедно со неа зборуваа емотивно на прес-конференција.

„На крајот на денот, сите се враќаат во своите семејства. Џиана веќе нема татко. Никогаш нема да ја види како расте, како ќе дипломира. Никогаш нема да ја одведе до олтарот. Ако има проблеми, нема татко за да му се обрати“, зборувала Рокси во својот говор низ солзи.

Независната обдукција, побарана од семејството на Флојд, покажала дека Флојд бил задушен. Службеникот Дерец Човин е отпуштен од полицијата, уапсен и обвинет за убиство, додека тројцата негови колеги, кои го уапсиле Флојд на кобниот ден, исто така биле отпуштени од работа.

Семејството бара посериозно обвинение против Човин. Смртта на Флојд предизвика бран протести низ цела Америка. Мирната потрага по правда во некои градови ескалираше во насилни протести, поради што американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја испрати Националната гарда, што само дополнително ги поттикнаа немирите.

Семејството на Флојд се спротивстави на насилството, но тие сакаат правда.

„Јас сум тука заради нашето дете и Џорџ. Тој заслужува правда и без оглед на тоа што некој мисли за него, тој беше добар човек. Тој беше добар“, изјавила Рокси Вашингтон.

Слични содржини