Каква ќе биде судбината на СЈО? Експертите децидни – бомбите не смеат да се исфрлат од докази

од desk4

 

Јавниот обвинител на Специјалното јавно обвинителство за својата работа одговара пред јавниот обвинител, се наведува во предлог законот и со оваа одредба се побива тврдењето на адвокатот Тони Менкиновски претставник на ВМРО-ДПМНЕ, кој по првата средба рече дека за нив е неприфатливо СЈО да не одговара пред никого. Надзорот над законитото и навремено извршување на јавнообвинителската функција на СЈО ја врши Јавниот обвинител при што надзорот не смее да ја загрозува неговата автономија, стои во новиот закон. Во однос на надлежностите се вели дека тоа е надлежно да постапува за кривични дела од незаконското прислушување за периодот од 2008 до 2015 за кои се поднесени обвиненија или отворени истраги, како и за високата корупција кај функционерите. Професорот Фрчковски вели дека сепак надлежностите што им се дадени со законот се мали, во однос на тимот.

„Надлежностите се мали во однос на тоа колкав е тоа тим. Мислам дека тој тим или ќе се прераспредели малку во другите делови на јавното обвинителство, тоа е преголем тим за висока, корупција. Колку има висока корупција, колку има политичари сите да ги испитуваат по ред кои не се корумпирани па тимот пак ќе биде голем“, изјави Љубомир Фрчковски – универзитетски професор.

Во делот на регулирање на таканаречените бомби СЈО може да ги обработува најдоцна до 15 септември 2020 и да се користат како доказ но само во предметите за кои се поднесени обвиненија до 30 јуни 2017 година. Поранешната судијка во Врховниот суд Маргарита Цаца Николовска вели дека бомбите треба да продолжат да се користат како еден од доказите и дека не смее да се дозволи, криминалните дејства да останат неказнети.

„За мене е многу дискутабилно однесувањето, до вчера бомбите се на некој начин одреден доказ меѓутоа не единствен, сега веќе сосема треба да се исфрлат. Не смеат бомбите да бидат единствен доказ тоа е првата работа, втората работа е да се овозможи да се има фер постапка каде што одбраната ќе може да даде свое видување и на овие докази“, изјави Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија.

Со ваквиот став се согласува и Вилма Рускоска обвинителка од Организиран криминал, која е децидна дека судбината на бомбите не смее да се одредува со закон за јавно обвинителство Единствен орган кој може да каже дали тие може да се користат како доказ или не е судот. Не може тоа да биде предвидено во законот за јавно обвинителство, потенцира Рускоска. Додава дека според неа СЈО треба да биде одделение во рамките на јавното обвинителство или одделение во Обвинителството за Организиран криминал и корупција./Либертас

Слични содржини