Каква корона: Сораја го прослави 34-иот роденден со алкохол и музика до раните утрински часови! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Старлетата Сара Вучелиќ на 11 ноември наполни 34 години и судејќи според најавите, својот роденден го прославила со своите пријатели и покрај пропишаните мерки и забраната за собири поради зголемувањето на бројот на заболени лица од пандемијата на коронавирус во Србија.

Владата донесе одлука за забрана за работа на угостителски објекти по 21 часот, сепак, но тоа сепак не им беше проблем на Сораја Вучелиќ и нејзината пријателка Ана Корач да се забавуваат.

Старлетите славеа со пијалоци, алкохол, музика и група пријатели до раните утрински часови, а освен филтрите што им ги „ставија“ на лицата на социјалната мрежа Инстаграм, не им паѓаа на памет да стават заштитни маски.

Со организирање на забавата, во време кога бројот на болни и мртви рапидно расте, Сораја, пишуваат српските медиуми, ги загрозила не само сопствениот живот, туку и животот на нејзините гости, но и луѓето кои работеа на реализацијата на „забранетата забава“.

Кој организира забава или слави со повеќе од пет лица во затворено, ризикува казна од 50.000 до 150.000 динари, врз основа на измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, кои стапија на сила минатиот петок.

Слични содржини