Каква почит: Мурињо веќе доби мурал во Рим (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Тој е харизматичен, арогантен, вообразен и еден од најдобрите тренери во светот. Тој е – Жозе Мурињо. Португалскиот стручњак доби отказ во Тотенхем, но не мораше да чека долго за нов ангажман. По само десет дена, тој договори се со Рома, а италијанскиот клуб ќе го превземе по крајот на тековната сезона.

Мурињо се враќа во Италија по 11 години, каде што ја „делкаше“ конкуренцијата на Интер во домашното првенство, освојувајќи го Купот и Суперкупот во два наврати. А надвор од „чизмата“ – Лигата на шампионите.

Познат по освоени трофеи и непобедливост во финалето, навивачите на „волчицата“ се надеваат дека ќе му донесе на Рим неколку трофеи. Да потсетиме, Рома го освои последниот трофеј во 2008 година кога го освои Купот, а подоцна и Суперкупот, а Тотенхем е единствениот клуб на кој Португалецот не му донесе никаков трофеј.

Иако тој сè уште не започнал со работа на „Олимпико“, Римјаните веќе го слават доаѓањето на еден од најдобрите светски тренери, па му направија мурал.

Слични содржини