Каква порака испрати Роналдо со последната фотографија?

од Vladimir Zorba

Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо на својот Инстаграм профил објави фотографија на која вежба во теретана, а на неа е прикачен натпис „ЦВРСТА РАБОТА“. Иднината на 37-годишниот Португалец беше тема на шпекулации во последните денови, а се зборуваше дека тој би можел да го напушти „Олд Трафорд“. Фудбалерот не отпатува со останатите соиграчи на претсезонската турнеја, што исто така беше сфатено како знак дека нема да остане дел од „црвените ѓаволи“.

Сепак, со фотографијата во прашање, Кристијано како да навести дека се предомислил и дека сепак ќе остане на „Олд Трафорд“. Причина за ваквото расудување е тоа што на фотографијата фудбалерот носи шорцеви за тренинг на Манчестер Јунајтед од минатата сезона.

И менаџерот Ерик тен Хаг сподели дека Роналдо е во неговите планови за новата сезона.

„Кристијано Роналдо е во моите планови за новата сезона. Едвај чекам да работам со него. Тој не е на продажба. Се потпирам на него и верувам дека заедно ќе постигнеме успех. Разговарав со него пред да се појават овие шпекулации и нашиот разговор беше доста позитивен“, сподели холандскиот менаџер.

Слични содржини