Какви подобрувања носи новата верзија на LinkedIn?

од Vlatko K

LinkedIn почна да шири ново ажурирање за милиони корисници со голем број дополнителни
функции. Креаторите на популарната платформа се надеваат дека тие ќе им олеснат да
комуницираат и да ја откријат саканата содржина. Едно од првите подобрувања што ќе ги
забележите е опцијата да ги означите другите корисници на фотографиите што ги поставувате на
вашиот профил, објави „mspoweruser“.


Значи, можете да бидете сигурни дека луѓето што сте ги фотографирале ќе ги видат сликите што сте
ги поставиле на LinkedIn. На прв поглед, ова е мало подобрување кое ќе ги натера луѓето да
комуницираат повеќе додека ја користат платформата. Другата новина ви овозможува да
користите емотикони кои изразуваат различни одговори кон вашите пораки до други корисници. Со
оваа функција, ќе имате подобар начин за комуникација со други луѓе во вашата сметка.

Не можеме да го игнорираме фактот дека сега можете да праќате видео пораки до луѓето што ги
следите на LinkedIn. Ажурирањето обезбедува поддршка за PDF датотеки и презентации, кои се
клучни елементи за професионална комуникација. Традиционалното копче за објавување сега е во
центарот на екранот и она за пораки во горниот лев агол на мобилната апликација. Системот за
хаштагови исто така е подобрен и ќе го најдете она што го сакате побрзо.

Слични содржини