Какви предлози има во акцискиот план подготвен во Софија?

од Берта Китинска

Софија предложи акционен план за соработка со Северна Македонија во спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, соопшти Министерството за надворешни работи на Бугарија по средбата на Екатерина Захариева во Софија со специјалниот пратеник на Северна Македонија, Владо Бучковски.

„За време на состанокот беа разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји. Беше направен преглед на спроведувањето на голем број практични обврски за кои нашата земја смета дека се одложени “, се вели во бугарското соопштение.

Дипломатските извори на „Еурактив“  велат дека предлозите на Софија се поврзани со железницата, патиштата, инвестиции на бугарски компании во Македонија, но исто така и отворање на кампуси на бугарски универзитети. Во планот имало и делови за учебниците по историја.

„Предложениот акциски план е првиот конструктивен чин на властите во Софија откако вицепремиерот Красимир Каракачанов во септември објави дека ќе биде блокирана европската перспектива на Северна Македонија“, пишува „Еуроактив“.

 

Слични содржини