Какви се луѓето кои сакаат кучиња, а какви оние кои сакаат мачки?

од Vladimir Zorba

Постојат четири типа на луѓе во светот. Оние кои сакаат кучиња, оние кои сакаат мачки, оние кои ги сакаат и двете и оние кои не сакаат ниту кучиња ниту мачки. „Кавгата“ околу тоа дали кучињата или мачките се подобри, отсекогаш постоела, а научниците се осврнале и на карактеристиките на љубителите на мачки и кучиња.

Така, некои студии покажаа дека постојат разлики во психолошките профили помеѓу овие две групи на луѓе.

Едно истражување, меѓу другото, открило дека луѓето кои сакаат кучиња се посреќни, а луѓето кои сакаат мачки се попаметни.

Истражувачите од Универзитетот Керол во Соединетите Држави прашале 600 студенти дали претпочитаат мачки или кучиња, како и кои квалитети најмногу ги сакаат кај своите миленици. Учесниците на истражувањето исто така направија тестови за личност и интелигенција.

Меѓу учесниците во студијата, 60 проценти претпочитаат кучиња, 11 проценти мачки, а останатите претпочитаат и едното и другото.

Истражувачите откриле дека карактеристиките на личноста може да придонеле за овие склоности. Љубителите на кучиња, покажале истражувањата, имаат тенденција да бидат поживи, поенергични, поприлагодливи … и строго да ги следат правилата.

Љубителите на мачки од друга страна имаат тенденција да бидат поотворени и почувствителни. Повеќе сакаат да одат по свој пат отколку да ги следат правилата.

Истражувачот Дениз Гвастело рече дека соодветните карактеристики имаат смисла.

Лице кое претпочита кучиња ќе биде поживо. Тие ќе сакаат да бидат надвор, да разговараат со луѓе, да го донесат своето куче … Од друга страна, ако сте поинтровертни и почувствителни, личност која сака да чита книга дома … мачката е животно што не треба да ја шетаме, рече Гвастело.

Резултатите од студијата треба да се земат со резерва, бидејќи е ограничена на студенти, додека не е познато како размислуваат другите возрасни групи.

Пошироко истражување, барем кога станува збор за возрасни групи, беше спроведено на колеџот Менхетенвил во Њујорк. На него учествуваа 263 лица на возраст од 19 до 68 години. Учесниците одговорија на прашања во врска со нивните миленици и нивната личност и благосостојба.

Сопствениците на миленичиња биле посреќни од оние кои немале домашни миленици, а сопствениците на кучиња биле посреќни од сопствениците на мачки.

Ако го земеме предвид фактот дека според некои истражувања, сопствениците на мачки се попаметни – најдобра опција е да ги сакате и двајцата.

Слични содржини