Калајџиев: Никогаш не се создаде во државава, култура за поделба на власта

Во своето гостување во „Утрински брифинг“, универзитетскиот професот, Гордан Калајџиев посочи дека корупцијата не секогаш има ист облик. Имено, како што вели, јавноста ја интересира онаа корупција врзана за политичката елита па надолу.

Калајџиев смета дека кога партиите ќе ја преземат власта, сметаат дека е природно да се послужат од колачот.

Се сеќавате дека јавно со години, со насмевка тоа го зборуваше и Љубчо Георгиевски. Мислам дека доаѓаат на власт со желба да делат првилегии и така го делат колачот. Кога имате цела администрација политички поставена луѓето мислат дека со тоа што работеле за партијата, од лепење пплакати па нагоре, дека кога ќе дојдат на власт имаат право на дел од колачот, посочи Калајџиев.

Оттаму, Калајџиев смета дека со овој проблем се соочуваме од почетокот. Никогаш вели, не се игради култура на поделба на власта, се прегазува Уставот со поставување на партиска личност за функцијата народен правобранител. За истото се договара, дали ќе биде „македонско“ или „албанско“ место.

„Што се однесува до случајот со Даштевски. Јас бев во групата што пишувавме за екстрадикцијата и ја убедувавме унгарската власт дека писанието на Даштевски е незаконито, бидејќи тоа не е негово овластување. Во случајот со Комисијата за дискриминација што тој ја водеше и на која што беше партиски овластен го бранеше Груевски надвор од своите овластувања, вели Калајџиев и додава дека ова е еден од проблемите што ја убива кај луѓето надежта“, истакна професорот Калајџиев.

 

Слични содржини