Калеска-Ванчева: До јуни ќе имаме вистинска дипломатска офанзива

од Nikola Popovski

Добро е што конечно Советот на ЕУ нема дилема, како што и самите кажаа дека Република Северна Македонија е спремна и треба час поскоро да започне преговори заедно со Албанија, истакна пратеничката на СДСМ Снежана Калеска Ванчева во емисијата „Објектив“ на Јавниот телевизиски сервис.

Таа во врска со одредени различни толкувања дека може има поинаков став во делот на раздвојување на државите нагласи дека ЕУ официјално сметаат дека двете држави се спремни за почеток на преговорите.

Многу е јасно и очекувано дека до јуни мора да сториме се што е можно од наша страна, да имаме вистинска дипломатска офанзива, која и покрај пандемијата со ковид не е запрена, рече Калеска Ванчева, додавајќи дека ЕУ гледа колку е значајно за регионалната безбедност да бидеме дел од европско семејство и да ги почнеме преговорите.

Секако тука е спорот со Бугарија, но сериозно кажавме дека ние немаме поинаков став, но имаме граница до каде може да се решава овој спор, истакна Калеска Ванчева.

Сите години наназад, ние наместо да ги решаваме проблемите со соседите, бидејќи тие не се од пред 2-3 години, некои имаат историски корени, се ставаа под тепих, а ние имаме пристап дека во 21 век, кога идентитетските прашања се затворени, мора да најдеме решенија, да се отвориме и да бидеме дел од Европа, рече Калеска Ванчева.

Слични содржини