Калеска-Ванчева за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Ќе влезат, ќе се потпишат и кога ќе видат дека немаме 61 пратеник, веднаш излегуваат

од Nikola Popovski

„Мнозинството е дисциплинирано. Фактите се дека Владата се гласаше со 62 пратеници и изборите го покажаа тоа. Ние никогаш не сме рекле дека имаме поголемо мнозинство од таа бројка, но сепак можно е да се зголеми во иднина“, изјави пратеничката од СДСМ, Снежана Калеска-Ванчева за емисијата „Топ тема“.

Според неа, опозицијата во вакви услови на пандемија правела се за да не дојде до ефективна работа на Собранието.

„Ќе влезат, ќе се потпишат и кога ќе видат дека немаме 61 пратеник, излегуваат. На 16-ти февруари не можевме да го изгласаме дневниот ред затоа што опозицијата повторно не сакаше да учествува во работата и оттаму се погласни беа дека имаме проблеми во коалицијата, дека пратеници бегаат од коалицијата и сакаа да наметнат перцепција во јавноста дека Владата е нестабилна. Тоа што го направи денес Заев беше легитимно“, потенцира Ванчева.

Слични содржини