Калеска Ванчева: Законот за спроведување на попис што побрзо да се донесе

од Берта Китинска

Пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева, во вечерашната емисијата Топ Тема, на Телевизија Телма, кажа дека е исклучително важно и потребно Законот за спроведување на попис што побрзо да се донесе.

Калеска Ванчева кажа потенцираше дека во спроведувањето на пописот политика не смее да има и дека не смее да се дозволи пописот да биде сведен на тоа ниво. Предлогот на опозицијата да се формира паралелна комисија, покрај експертите кои по Закон тоа го работат, Калеска Ванчева го оцени како обид да се политизира процесот.

“Најмалку треба да има политика во она што значи попис на државата на населението на домаќинството. Дали тоа не подразбира, кога ние имаме со Закон овластена институција, луѓе експерти со знаење, методологијата е Устав за спроведувачите на пописот, него сега ние ќе формираме друго тело за надзор на овие луѓе. Не ви ја разбирам логиката”, рече Калеска Ванчева.

Пратеничката на СДСМ повика Законот за пописот што побрзо да се најде пред пратениците и да биде донесен.

 

Слични содржини