Калкулантство или единствено можно решение, Мицкоски не покажа лидерство – сметаат дел од аналитичарите

од desk4

 Официјалниот став на ВМРО ДПМНЕ кој синоќа го изнесе лидерот Мицкоски за престојниот референдум е последица на разноумието кое владее во партијата оценуваат дел од експертите, додека за други ова е вистинското решение споредбено со сите други кои исто така беа можни како опција, анализира Tv24

Аналитичарот Андреа Стојковски вели дека одлуката не е лидерска со тоа што гласачката маса се остава сама да одлучи како ќе настапи на престојниот референдум. Според него ова не е типично за партија која се смета  за државотворна и вели не се исклучува можноста наскоро да дојде и до нови внатре партиски промени.

„Очигледно е дека станува збор за една тоатлно шизофрена ситуација. Шизофрена кога велам мислам на тоа дека вчера Мицкоски рече ќе остави на граѓаните да одлучат по свое убедување, а денеска партијата се оградува од  нивниот советник, Владо Поповски, во Град Скопје кој вели дека договорот треба да се прифати каков што е и да се излезе да се гласа „за“. Меѓутоа мислам дека повеќе зрело е да се има став за едно вакво круцијално прашање“, вели Андра Стојковски – аналитичар

Иако во голема мера аналитичарите се согласни дека постои внатрепартиско разногласие  во ВМРО-ДПМНЕ сепак аналитичарот Александар Кржаловски повикувајќи се и на анкетите на МЦМС оценува дека одлуката која ја донесе најголемата опозициска партија во моментот е најочекуваната со оглед на околностите.

„Мицкоски, лично се изјасни уште истиот ден кога го оцени договорот како капитулантски  и дека тој ќе гласа против. Интересно е дали сега тој навистина ќе излезе и ќе гласа против. Дали тоа ќе биде негова лична одлука и другата страна е дека беше подемократски чекор на одлука. Нели требаше да се слушне мислењето на членството па да се изрази ставот. Очигледно во таа постапка имаше многу различни мислења како „за“, против и бојкот па партијата не избра ниту еден од овие ставови и се одлучи за четврта опција која изгледа е најлесна за нив, но не укажува на јасен став“, вели Александар Кржаловски – аналитичар

Одлуката за тоа симпатизерите и членовите на ВМРО-ДПМНЕ сами да одлучат како ќе настапат на престојниот референдум дојде како официјален став на партијата на нешто помалку од 20 тина дена пред референдумот. По вчерашниот долг маратонски ден по Извршниот и Централнит комитет на крајот лидерот Мицкоски на пресконференцијата на која го соопшти и ставот исто така го повика на дебата и премиерот Зоран Заев , кој пак денеска експресно одговори дека не се плаши од дебата но го повика  Мицкоски најпрвин јавно да се изјасни дека е против бојкот, а потоа му понуди и сам да бира медиум за да се соочат./Тв 24

Слични содржини