КАМ: Практично е невозможно да дојде до вакво контаминирање на зеленчукот

од Nikola Popovski

Непосредно по објавувањето на информацијата, согласно процедурите на компанијата, важечките закони и стандарди во насока на заштита на интересите на своите потрошувачи KAM веднаш отпочна постапка за испитување на случајот и негово расветлување, а предметниот производ е во целост повлечен од сите наши маркети до разрешница на предметот со соодветен акт од страна на надлежните инспекциски органи. Компанијата КАМ по повод овој случај веднаш се обрати и до производителот кој исто така подлежи на постојан надзор од националните служби за исправност на храната во Република Србија и произведува согласно посочените стандарди кои го штитат здравјето на потрошувачите“, стои во соопштението на компанијата КАМ, откако битолчанец во замрзнат зеленчук, купен во продавниците на компанијата, пронајде глушец, за што на социјалните мрежи објави и фотографии.

Според нив, по остварената комуникација со реномираниот производител на замрзнати производи била известена дека согласно воспоставените европски контролни системи практично е невозможно да дојде до вакво контаминирање на производот имајќи го во предвид строго контролираниот тек на процесот на производство и поради тоа останува отворен за официјална истрага базирана на документите од надлежните инспекциски органи во нашата држава.

Во оваа насока, со цел доследно документирање и професионално обработување на овој случај КАМ ги повика надлежните инспекциски служби да ја проверат информацијата и транспарентно во интерес на вистината, случајот да се истражи до крај.  По утвдувањето на фактичката состојба ќе може да се превземат соодветните законски мерки со цел правилно информирање на јавноста, заштита на интересите на потрошувачите, но и интересите на засегнатите компании и пред се зачувување на искрено воспоставената доверба спрема маркетите на нашата компанија“, соопштуваат од КАМ.

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска го повлече производот од сите продавници во земјата. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Николе Бабовски, потенцира дека АХВ ќе изврши вонредни инспекциски надзори, односно ќе се испратат примероци на овој производ во лабораторија за да се утврди квалитетот на истиот.

Слични содржини