Камчев подготвувал бегство: Претпладнево е приведен

Полицијата претпладнево го приведе Орце Камчев. Како што информираат од Обвинителството за организиран криминал, во изјава за Телма, приведувањето следело откако бил доставен извештај од АНБ дека се подготвува бегство на Камчев.

Поради тоа, како што информираат ќе биде поднесен предлог за определување на мерка притвор.

Како што е познато, Камчев требаше утре да се појави во Обвинителството, со цел да биде подготвен како сведок за случајот „Рекет 2“, односно „Меѓународен сојуз“.

Слични содржини