Камер Идризи е убиениот во вчерашната престрелка во Бутел

од Берта Китинска

Лицето кое беше убиено во синоќешната престрелка во Бутел, е 43-годишниот Камер Идризи од Скопје, објави „Коха“. Идризи како што пишува, и е познат на полицијата по пукањето во „Александар палас“ во 2019 година.

Вчера околу 22 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг кај раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош” од едно патничко возило биле испукани проектили кон автомобил ,,голф”, во кој имало две лица.

Повредените биле пренесени во комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош.Едното лице им подлегнало на повредите. Увидна екипа е на терен и се работи на расчистување на случајот.

Слични содржини