Камерите фатија неверојатен момент: Птица собори американска противтенковска ракета (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

На социјалните медиуми се појави видео на кое се гледа како американска противтенковска ракета, на само стотина метри пред контактот со руски тенк Т-71 на којшто е испукана, погодува птица во лет, јави Авиа.Про.
Снимката е направена најверојатно за време на воените маневри на САД во Полска, а експертите посочуваат дека веројатноста за наведената ракета случајно да удри во птица при летот е практично нула.

Во вистинска борбена ситуација, таквата случајност не само што ќе го спаси тенкот од уништување, туку и животот на тенкистот, но ќе му даде и можност на екипажот на тенкот прецизно да возврати на огнот и да ги неутрализира и ракетниот-фрлач и неговата екипа.

Слични содржини