Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Камерите снимија ужас во хотел: Дете потонало на дно од базенот, го забележаа дури по неколку минути (ВИДЕО)

Камерите снимија ужас во хотел: Дете потонало на дно од базенот, го забележаа дури по неколку минути (ВИДЕО)

Полицијата од Мичиген објави видео на кое може да се види како двегодишно дете за малку ќе се удавеше во хотелски базен во кој во моментот имаше десетина возрасни и деца.

Детето беше извлечено од дното на базенот откако го забележало момче, а две медицински сестри кои што биле во близина навремено реагирале и успеале да го спасат неговиот живот.

Полицијата објави снимка од инцидентот за да ги потсети родителите секогаш да внимаваат на своите деца, посебно кога се во близина на вода.

loading...