Камерон Дијаз за „тешка мизогинија“ во филмската индустрија

од Vladimir Zorba

Во едно од најновите интервјуа, Камерон Дијаз призна дека поради големата слава што ја постигнала, понекогаш се чувствувала како „дете“.

Актерката рече дека играла улоги во филмови како Шрек и Чарлиевите ангели, бидејќи тие ги поткопувале „типичните“ наративи за жените.

„Сигурно не сум направила толку многу колку што може да се направи сега, поради свеста на сите и движењето #MeToo“, рече Камерон.

„И во 1990-тите и во почетокот на 2000-тите имаше предрасуди. Имаше тешка, тешка мизогинија на работа. Нивото на експлоатација … влијаеше на целата индустрија“.

Филмската ѕвезда се присети дека во системот што таа го опишува, тој бил толку вкоренет во сексизмот што, како што рече, било нормална работа актерите да се смеат во ситуации кога мизогинијата била на дело, „за да не бидат на мета“.

„Беше тешко да се справам со целата работа бидејќи беше дел од секојдневието. Мислам дека сега е сосема поинаква работа“, изјави актерката.

Камерон Дијаз признала дека поради својата слава често се чувствувала како „дете“ бидејќи „не можела многу да направи за себе“.

„Славата е многу инфантилна работа. Ве третираат како да сте толку скапоцени, дека не сте способни и дека не можете ништо да направите за себе, дека сè треба да се направи за вас … Тоа не лишува од чувството на автономија и способност навистина да се грижиме за самите“, објасни таа.

Дијаз се повлече од актерството во 2018 година, објаснувајќи дека сака „поинакви работи од животот“.

Слични содржини