Камерон Нори го освои првиот Мастерс во кариерата и напиша ИСТОРИЈА!

од Vladimir Zorba

Британскиот тенисер Камерон Нори триумфираше на Мастерсот во Индијан Велс.

По пресврт, Нори го совлада Грузиецот Николоз Басилашвили со 2:1 (3:6, 6:4, 6:1) и со тоа стигна до највредниот трофеј во кариерата.

Нори стана првиот Британец во историјата што освоил трофеј во Индијан Велс.

Британецот дојде до победата по еден час и 50 минути голема борба. Го загуби првиот сет, но успеа да се крене и да направи голем пресврт.

Басилашвили имаше 1:0 во сетови и брејк предност во вториот сет (2:1), но сепак, Камерон не се предаде.

Играше одличен тенис, го уби во поим Басилашвили, направи пресврт и заслужено го освои трофејот.

Слични содржини