Камерон „сврте плоча“: Режисерот призна дека Џек во „Титаник“ можел да преживее

од Vladimir Zorba

По четврт век негирање и безброј дебати на обожавателите на филмот „Титаник“, режисерот Џејмс Камерон конечно призна дека Џек Досон (Леонардо Дикаприо), главниот протагонист на еден од неговите најпопуларни филмови, сепак можел да го преживее бродоломот.

Камерон се врати на дебатата во новиот документарен филм на каналот National Geographic во кој заедно со тим од научници и двајца каскадери спроведе експерименти кои верно прикажуваа што можеше да се случи со Џек и Роуз во ноќта на потонувањето на Титаник.

Во филмот, Џек умре од смрзнатини откако и остави импровизиран сплав со врати од собите на својата љубов Роуз по бродоломот. Сепак, новото видео споделено на „Добро утро Америка“ го покажува заклучокот: доколу и двајцата ја користеле вратата само за да го задржат горниот дел од телото над водата или ако Роуз му го дала својот елек за спасување за да го стопли, Џек би имал поголема шанса за преживување.

„Џек можеше да преживее, но има многу променливи. Мислам дека неговиот процес на размислување беше: „Нема да направам ништо за да ја загрозам“, а тоа е сто проценти во духот на неговиот карактер“, рече Камерон.

Режисерот претходно ја оправда својата одлука Џек да умре во филмот со уметничка слобода.

„Тие се како Ромео и Јулија. Тоа е филм за љубовта, жртвата и смртта. Љубовта се мери со жртва… Можеби за 25 години нема да морам повеќе да се занимавам со ова”, изјави неодамна Камерон.

Инаку, во пресрет на Денот на вљубените, на екраните на домашните кина на 9 февруари ќе биде прикажан еден од најромантичните филмови на сите времиња, овој пат со совршен звук и кристално чиста слика во 4К резолуција.

Слични содржини