Камиказа: Бронзата е медал за на маратон, но не и за избори

од Берта Китинска

Според последните податоци на ДИК,  во Скопје копјата во вториот круг ќе се кршат  меѓу Данела Арсовска и Петре Шилегов.

Кандидатот на Левица, преку Фејсбук упати благодарност на сите кои му дадоа поддршка.

„Бронзата е медал за на маратон, но не и за избори. Во благодарам за поддршката и за искрените намери. Нека победи подобрата или подобриот“, напшиша на фејсбук Камиказа.

Независната кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска има предност пред Петре Шилегов по 82% од пребројаните гласови, соопшти ДИК.

Арсовска има во моментов 37.28%, додека Шилегов 34.96%, и извесно е дека таму ќе има втор круг.На третото место е Петар Георгиевски од Левица со 8.58% од гласовите.

ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе гласови на Советот на Град Скопје (33.91%), СДСМ 22.39, ДУИ 13.17%, Левица 8.38%.

Слични содржини