Камиказа на ручек со Тортевски и Шакири после вчерашните избори

од Nikola Popovski

Кандидатот за градоначалник на Левица, Петар Георгиевски – Камиказа попладнево прикачи фотографија на својот Фејсбук профил заедно со Арбен Шакири, кој беше кандидат на ЛДП/ДОМ, како и Александар Тортевски, кој беше во трка за градски татко, поддржан од Твоја партија. Според објавеното, тројцата седат на ручек во еден скопски ресторан.

-The Heroes (хероите), стои во објавата на Камиказа.

Пребројувањето за Скопје се уште не е готово, но извесно е дека Камиказа заврши како трет во трката за градски татко, со најверојатно над 20.000 освоени гласа.

-Бронзата е медал за на маратон, но не и за избори. Во благодарам за поддршката и за искрените намери. Нека победи подобрата или подобриот, напиша Георгиевски.

-Повелете да ја платите фактурата, им се обрати денеска на владечаките партии на својот Твитер налог, Александар Тортевски.

Слични содржини