Камила би можела да стави крај на една од омилените традиции на кралицата

од Stefanija Kuzmanovska

Камила Паркер стана кралица по стапувањето на тронот на кралот Чарлс Трети, а сега кога е на таа позиција, постои шанса да стави крај на една од омилените традиции на кралицата, „Дворски дами“.

Постојат шпекулации дека Камила би можела да се ослободи од дворските дами во знак на поддршка на нејзиниот сопруг, кралот Чарлс, кој наводно планира да ги намали трошоците на монархијата.

За време на нејзиното владеење, кралицата Елизабета Втора секогаш имала група дворски дами кои ѝ помагале во сè. Тие знаеле да собираат цвеќиња на настани, да се справат со административни задачи, па дури и ѝ помагале во облекувањето.

Таа имала само четири пред нејзината смрт, а нивните имиња се Мери Морисон, Лејси Елизабет Лиминг, Сузан Роудс и Лејди Сузан Хаси. Овие жени потекнуваат од богати семејства и не се платени за нивните обврски.

Камила и принцезата Кејт Мидлтон можеа да имаат свои дами веднаш по венчавката во кралското семејство, но ниту едната не го сакала тоа. Сега кога Камила е кралица, изворите велат дека таа најверојатно ќе ја укине таа традиција.

Слични содржини