Камила позитивна на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

По симптомите на настинка, сопругата на кралот Чарлс, Камила, била тестирана на коронавирус и се испоставило дека е позитивна на вирусот, се вели во соопштение на Бакингемската палата.

„Со жалење, таа ги откажа сите нејзини јавни ангажмани за оваа недела и упатува искрено извинување до оние со кои требаше да присуствуваат на тие настани“, се наведува во соопштението, пренесува „Sky News“.

Камила требаше да го посети балетското училиште Едгбастон за да ја прослави неговата стогодишнина, а подоцна истиот ден и библиотеката во Телфорд.

Слични содржини