Камион со македонски таблички се преврте во Хрватска, повреден е возачот

од Nikola Popovski

Хрватски медиуми јавуваат дека македонски камион со платформа за транспорт на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана-Липовац.

Според информациите, несреќата се случила околу 17 часот и 5 минути, кога возилото со македонски регистарски таблички се превртело, при што неколку возила што ги превезувал испаднале на автопатот.

-Сообраќајот на автопатот е затворен во источен правец и се пренасочува по заобиколен пат преку клучката Новска до клучката Окучани. Возачот на камионот е повреден и во тек е полициска истрага, објави хрватски „24 сата“.

Според сведок на настанот, возачот бил свесен.

-Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично лошо, изјавил сведокот за хрватскиот портал.

Фото: 24 sata

Слични содржини