Кампања за имунизација: Вакцинирани 1500 граѓани за два дена

од Nikola Popovski

Пандемијата веќе ја губи силата, при што се забележува значителен пад на бројот на заразени. Според епидемиолошки анализи во моментов најмногу активни случаи има во Скопје – 1354, по што следуваат Прилеп – 136, Битола – 126, Куманово – 113, Велес – 100. Во другите градови има под 100 активни случаи, а во Пехчево и Дојран по еден случај.

Вчера, беа регистрирани нови 124 случаи со Ковид-19 од направени 1.209 тестови или 10 отсто. Од вкупниот број на позитивни (124), регистрирани се 22 реинфекции. Починати се седум лица, меѓу кои и 36-годишен пациент.  Кај сите починати лица регистрирани се коморбидитети.

Над 1.500 лица за два дена се вакцинирани со прва и трета доза во рамки на широката кампања за имунизација за заштита на ризичното население од тешка форма на Ковид-19, информираше вчера Министерството за здравство.

Преку СМС пораки, како што посочуваат, ги повикуваат лицата од ризичната група над 65 години, како и помлади лица со коморбидитети, кои сè уште не се заштитени со соодветна доза вакцина да се имунизираат, во точно определен термин и пункт, закажани преку „МојТермин“.

Слични содржини