Канабисот помага во лечење од корона? Научниците имаат потполно алтернативна теорија

од Aleksandar Petrovski

Тим канадски научници веруваат дека канабисот може да помогне во превенција и потоа лекување на коронавирус. Тие се фокусираа на одредени активни супстанции во канабисот кои можат да ја зајакнат заштитата на клетките од коронавирусот.

Истражувачите од Универзитетот во Летбриџ се убедени дека некои активни состојки од канабис можат да помогнат да се спречи вирусот да влегува во клетките на белите дробови, каде што потоа се размножува и шири. Тие посочуваат дека канабисот може да ги намали влезните места на вирусот до 70 проценти.

Според канадската студија, канабиодиолите би го промениле нивото на ACE2 во организмот, што би направило некое лице да биде помалку „пожелно“ домаќин на вирусот и, во теорија, да го намали ризикот од инфекција, пишува „Њујорк пост“.

„Нашата работа може да има огромно влијание затоа што нема многу лекови кои можат да ја намалат инфекцијата за 70-80 проценти“, се наведува во студијата.

Од 800 видови на канабис, тие изолирале 13 екстракти за кои веруваат дека можат да влијаат на нивото на ACE2 во човечкото тело.

Научниците истакнаа дека се потребни повеќе истражувања за да се докаже ефективноста на канабидиол.

„Веруваме дека во иднина подготовките на канабидиол би можеле да бидат додаток на третман или превенција во борбата против вирусот корона“, рече истражувачот Олга Ковалчук.

Канабисот може да се користи дури и за „развој на едноставни превентивни третмани во форма на плакнења на уста и грло“, покажа студијата, со „потенцијал да се намали влезот на вирусот“ преку устата.

Слични содржини