Канада: 25.000 обиди за самоубиство за една година

од Vladimir Zorba

Студијата објавена од канадскиот институт за здравствени информации (ЦИХИ) наведува дека во периодот од 2018 до 2019 година, 25.000 луѓе биле примени во болницата поради обиди за самоубиство.

Починале околу 3.800 од нив, што е просечно нешто повеќе од 10 лица на ден, јави Си-Би-Ес, додавајќи дека самоубиството е деветта водечка причина за смрт во Канада.

Новите податоци покажуваат дека девојчињата и жените на возраст од 10 до 24 години имаат три пати поголема веројатност да се самоповредат отколку мажите на иста возраст.

Стапките на самоубиствена смртност биле највисоки кај мажи на возраст од 45 и повеќе години.

Истражувањето исто така покажа дека има двојно повеќе обиди за самоубиство кај луѓе со пониски приходи, во споредба со оние кои живеат со големи приходи.

Иако бројките се разликуваат малку од претходните две децении, експертите за ментално здравје стравуваат дека тој број веројатно ќе се зголеми бидејќи Канаѓаните се соочуваат со ефектите на КОВИД-19, предизвикувајќи зголемена вознемиреност поради ризиците по здравјето, долгорочно затворање и финансиска несигурност.

Маргарет Ејтон, извршен директор на канадското здружение за ментално здравје, се плаши дека бројот на самоубиства ќе се зголеми за време на пандемијата КОВИД-19.

„Навистина има загриженост бидејќи физичките здравствени проблеми предизвикани од КОВИД-19 продолжуваат, ќе видиме и пандемија на ментално здравје. Нема да ја имаме целата слика за некое време, но нашето искуство ни кажува дека ефектите врз менталното здравје ќе бидат значајни“, рече таа.

Слични содржини