Канада: 39 рудари заробени во рудник повеќе од 24 часа

од Vladimir Zorba

Во тек е спасувачка операција за 39 рудари кои повеќе од 24 часа беа закопани во окното на рудникот на северот од канадската провинција Онтарио.

Рударската компанија „Vale“ објави дека спасувачите успеале да се пробијат до рударите на различни локации во рудникот на длабочина од 900 и 1.200 метри во рудникот Тотен, западно од Сатбери, пренесува АП.

„Се надеваме дека сите рудари ќе бидат извлечени од окното до вечерва“, се вели во соопштението на бразилската компанија, додавајќи дека никој од рударите не е повреден.

Раководството на рудникот претходно потврди дека несреќата во рудникот за бакар, никел и благородни метали се случила во неделата кога железничкото возило за рударство се лизнало од шините и го блокирало тунелот.

После тоа, вработените отишле во засолништа, одржувале комуникација со компанијата и имале пристап до храна и вода.

Слични содржини