Канада: Вакцинираните со АстраЗенека за втора доза ќе може да одберат од Фајзер и Модерна

од Берта Китинска

Научниот одбор што ја советува канадската Влада за вакцините вчера даде одобрение да може да се промени вакцината против Ковид-19 кога се прима втората доза.

Поединци кои ја примиле првата доза на вакцината „АстраЗенека“ може да добијат или втора доза од истиот производител или од „Фајзер“/„БиоНТек“ или „Модерна“, соопшти Националниот советодавен комитет за имунизација (CCNI).

Во исто време, се посочува дека таквото мешање може да создаде „можност за краткорочно зголемување на несаканите ефекти“, а особено „главоболки, чувство на замор и општа слабост“.

Комбинацијата на вакцини од различни производители не е непозната – се користи за грип и хепатитис А, додава ЦЦНИ во образложението.

Слични содржини