Канческа-Милевска за организаторите на 27 април: За мене претставуваат личности со позитивен карактер, секогаш со позитивна намера

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешната пратеничка и министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска по денешната пресуда за организаторите на 27 април, во кои обвинети беа нејзините поранешни сопартијци Трајко Вељаноски, Миле Јанакиески и Спиро Ристоски, изјави на „Жешко Политичко Лето“ на Канал 5 ТВ дека жали што тие биле вклучени во овој процес.

– За мене претставуваат личности со позитивен карактер, секогаш со една позитивна намера, мисла, енергија, постапки и кои посветено си ја вршеа својата функција, вели таа.

Во однос на коментарот на Јанакиески дека таа требала да биде заедно со нив на обвинителната клупа, Канческа-Милевска вели дека е добро да се постави прашањето до него.

На прашање дали била директно вклучена во организацијата на упадот на 27 април, поранешната пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ вели дека останува на кажаното од Јавниот обвинител, Вилма Рускоска, која посочи дека таа не е обвинета бидејќи освен дека организирала настапи немало други докази против неа.

Слични содржини