Кандидат за наследник на Меркел се смееше за време на посета на град погоден од поплавите (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

АРМИН ЛАШЕТ, конзервативен кандидат за наследник на Ангела Меркел, денес се извини за смеењето за време на минатонеделната посета на поплавен град, гаф што го чинеше голем пад на поддршката на гласачите два месеца пред федералните избори.

Конзервативниот блок на Армин Лашет ужива десет проценти предност во однос на Зелените во повеќето анкети, но неговата популарност падна откако минатата недела беше фатен како се шегува со соработници во Ерфштад, додека претседателот Франк-Валтер Штајнмаер одржа сериозен, мрачен говор.

„Тоа беше глупаво, жал ми е“
„Беше глупаво, тоа не требаше да се случи и жалам. Жал ми е, не знам што друго да кажам“, изјави Лашет за телевизијата ЗДФ.

Слични содржини