Кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за Гази Баба бил во затвор за продажба на марихуана

од Vladimir Zorba

Завршил зад решетки за продажба на дрога, а сега е кандидат за градоначалник на општина Гази Баба. Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ е уште еден од низата кандидати на партијата со сомнително минато, кои се поврзуваат со сторени кривични дела. Според информациите, пред повеќе од десет години, за пуштање во промет на наркотични дроги, поточно за над половина килограм марихуана, на Стефковски му била изречена три месеца затворска казна.

Припадниците на МВР утврдиле дека марихуаната била чувана во напуштен објект во населбата Ќерамидница, а наводно Стефковски заедно со уште едно лице потоа дрогата ја препродавал. По апсењето, на актуелниот кандидат за градоначалник на Гази Баба му бил изречен притвор, а пресудата со која му е определена и затворска казна, потоа била потврдена и од Апелација.

Инаку Стефковски е магистер по безбедносни науки. Тој е државен советник во секторот за водење на прекршочна постапка од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа при Министерството за труд и социјална политика и е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба.

-Поддржете промени. Поддржете го Бобан Стефковски за конечно Гази Баба да стане подобро место за живеење, напиша на фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по митингот во оваа скопска општина.

Слични содржини