Кандидатот за претседател на Реал сака да го избрка Зидан и да го врати Роналдо

од Stefanija Kuzmanovska

Младиот бизнисмен Енрике Рикелме, кој ја објави својата кандидатура за функцијата претседател на Реал, рече дека ќе се обиде да го врати Кристијано Роналдо и да го донесе Јирген Клоп доколку ја добие довербата.

Флорентино Перез ги освои последните два мандати без противник, но 32-годишниот Рикелме верува дека е време за нови лица.

„Зидан не е мој избор. Тоа е Јирген Клоп, а зад него е Раул“, изјави Рикелме.

„Мојата втора желба е враќање на Роналдо, светска легенда која многу му значи на Реал”.

Клоп вчера, на прес-конференцијата пред натпреварот со Реал во Лигата на шампионите, рече дека не размислува да биде тренер на Реал.

„Дури и да ја завршев кариерата како тренер на Мајнц, Борусија и Ливерпул, ќе бев среќен. Не би жалел што не сум во Реал“, изјави Клоп.

Рикелме од детството има членска карта на Реал, па го исполнува условот да е член на клубот повеќе од 20 години за да се кандидира за претседателската функција и може да гарантира дека ќе инвестира 15% од клупскиот буџет, што е во моментов 92,5 милиони евра.

Рикелме е сопственик на „Кокс Енерџи“ и неговото богатство се проценува на 300 милиони евра.

Претседателските избори во Мадрид ќе се одржат во средината на оваа година.

Слични содржини