Кање Вест објави дека ќе им се спротивстави на Трамп и Бајден на претседателските избори во САД

од Aleksandar Petrovski

Американскиот рапер Кање Вест синоќа на Твитер објави дека ќе се кандидира на ноемвриските претседателски избори во САД.

„Сега мора да го исполниме ветувањето на Америка со верување во Господ, обединување за нашата визија и изградба на нашата иднина. Јас се кандидирам за претседател на САД“, напиша Вест на Твитер.

Се уште не е познато дали Вест, силен поддржувач на политиката на актуелниот претседател Доналд Трамп, навистина има намера да се кандидира на четири месеци пред изборите, закажани за 3 ноември, и дали и официјално ја поднел кандидатурата.

Во голем број сојузни држави се уште не е завршен крајниот рок за додавање на независните кандидати на гласачкото ливче.

Најновата објава на американскиот рапер предизвика лавина реакции кај неговите 29 милиони следбеници.

Главниот извршен директор на Тесла, Елон Маск, е еден од многуте што го поддржаа Вест.

„Ја имаш мојата целосна поддршка“, напиша Маск.

Слични содржини